
Сите фанови на Некст Тајм на едно место! |
|
| | Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ | |
| | Автор | Порака |
|---|
Simona* Администратор


Пол:  Хороскоп:  Број на мислења: 794 Поени: 1835 Репутација: 135 Registration date: 2009-03-18 Age: 1 Локација : Охрид, Македонија
 | Предмет: Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ Пон Јун 21, 2010 12:25 am | |
|  Близначкото рок-дуо Некст тајм е пред нов предизвик. Мартин и Стефан во јули заминуваат на фестивалот Славјански Базар во Белорусија, каде на 10 јули ќе пеат заедно со српската мега-ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. Тие на покана од организаторите заминуваат на овој фестивал, на кој ќе пеат во склоп на вечерта посветена на евровизиските ѕвезди. Мартин и Стефан пред тамошната публика ќе ја отпеат токму евровизиската "Нешто што ќе остане", што пред две години ја отпеаја во Москва, и уште еден од нивните хитови. Со која песна уште ќе се претстават пред тамошната публика се уште не знаат, но знаат дека се подготвени за патувањето и почестени што токму тие ќе бидат дел од вечерта на евровизиските ѕвезди. "Две години по нашето учество на Евровизија не канат, а тоа за нас значи многу. Очигледно сме оставиле добар впечаток", едногласни се Мартин и Стефан, кои освен со Јоксимовиќ на истата сцена ќе застанат и со Ева Ривас од Ерменија, Руслан Алехно, Александра и Константин и Петр Елфимов од Белорусија, Харел Скаат од Израел, Манга од Турција... До заминувањето во Белорусија на домашен терен, пак, ги очекува и промоцијата на новата песна со наслов "Убава". Зад темата стојат Лазар Цветковски, автор на музиката и аранжманот, и Магдалена Цветковска, чиј е текстот. "Убава" е нешто сосема поразлично од она што досега сме го слушнале од момците, а Мартин и Стефан веруваат дека имаат летен хит, кој патем е снимен во студиото на Врчак. Радиската промоција е во тек, а наскоро се очекува снимање и на спот. Извор: http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=33F533E40DE03B469120BEC3A5CA9823 |
|  | | Zor4e 4ever Next Time

Пол:  Хороскоп:  Број на мислења: 284 Поени: 844 Репутација: 62 Registration date: 2009-08-19 Age: 14 Локација : Kicevo
 | Предмет: Next Time на концерт со евровизиски ѕвезди во Белорусија Саб Jул 10, 2010 10:45 am | |
| “НЕКСТ ТАЈМ“НА КОНЦЕРТ СО ЕВРОВИЗИСКИ ЅВЕЗДИ ВО БЕЛОРУСИЈА Дуото „Некст тајм“ денеска ќе настапи на музичка манифестација на главниот плоштад Слобода во Витебск, Белорусија. На настанот ќе учествуваат некогашни евровизиски преставници што постигнале забележителен успех. На листата со изведувачи се српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ, Украинецот Руслан, турскиот бенд „Манга“, Пола Селинг и Ови од Романија и претставници од Русија, Израел, Данска, Грузија. - На манифестацијата ќе учествуваме по покана на организаторот на 19. музички фестивал „Славјански базар“, кој се одржува во Витебск. За нас е најважен фактот што оваа покана е потврда за успешното претставување на Мартин и на Стефан на ланскиот евровизиски избор во Москва. Добивме уште една понуда за учество на голем интернационален фестивал што ќе се одржи летово - открива Симона Негриевска, менаџерката на популарното дуо. По враќањето од Белорусија, „Некст тајм“ ќе го промовира својот нов видеозапис за темата „Убава“, чија музика и аранжман се на Лазар Цветковски, а текстот на Магдалена Цветковска. - Спотот се снимаше на повеќе локации во Скопје. Во него како статисти се појавуваат повозрасни личности што ќе покажат дека убавината не е секогаш поврзана со младоста. Видеоклипот го режира Владимир Митревски - Ѓуле - открива Негриевска. Следниот поголем ангажман на бендот ќе биде концертот во Битола. По успешниот настап за новогодишната ноќ во овој град и по барање на битолската публика, во соработка со градот Битола, „Некст тајм“ на 20 август ќе одржи концерт во Хераклеа, во рамките на Битолското културно лето „Бит- фест“.
Извор:www.dnevnik.com.mk
Вечер Некст Тајм ќе настапат на Славјански Базар со евровизиската *Нешто што ќе остане* и хитот *Рамо за плачење*.Концертот започнува во 19:30 часот по наше време.Настапот може да го следиме на следниве линкови:http://www.belarus-tv.by/live/btv.asx http://wwitv.com/tv_channels/8069.htm _________________  |
|  | | Zor4e 4ever Next Time

Пол:  Хороскоп:  Број на мислења: 284 Поени: 844 Репутација: 62 Registration date: 2009-08-19 Age: 14 Локација : Kicevo
 | Предмет: Re: Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ Пон Jул 12, 2010 4:59 pm | |
| Близнаците во друштво на најдобрите! Next Time меѓу Евровизиските ѕвезди  Изминатиот викенд Next Time настапија во склоп на еден од најголемите музички настани во Европа - Славјански базар, на гала концертот наменет за евровизиските фанови, кој се одвиваше под наслов Евровизиски звезди. Приликата да настапуваат ја имаа само оние евровизиски учесници кои оставиле посебен впечаток кај публиката. Својата прва можност да се претставата пред белоруската публика Мартин и Стефан максимално ја искористија како на сцената, така и надвор од неа.  По настапот ги собраа симпатиите и аплаузите од 30.000 публика која го следеше концертот, а и честитките од колегите и претставниците на медиумите, кои покажаа особен интерес за Next Time.  Од организаторот е отворена покана и желба за следни гостувања и соработка во склоп на различни проекти.  _________________  |
|  | | Zor4e 4ever Next Time

Пол:  Хороскоп:  Број на мислења: 284 Поени: 844 Репутација: 62 Registration date: 2009-08-19 Age: 14 Локација : Kicevo
 | Предмет: Re: Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ Вто Jул 13, 2010 9:52 am | |
| СЛАВЈАНСКИ БАЗАР Некст тајм задоволни од третманот во Белорусија  Мартин и Стефан, или момците кои го сочинуваат близначкото дуо Некст тајм, се вратија од Витебск, Белорусија, каде што настапуваа на еден од тамошните најголеми музички настани - фестивалот Славјански базар. Момците беа дел од гала-концертот наменет за евровизиските фанови, а насловен Евровизиски ѕвезди. Можност да настапуваат на овој концерт имаа само оние евровизиски учесници кои оставиле посебен впечаток кај публиката. За Мартин и Стефан ова беше прва можност да се претстават пред белоруската публика, па истата, откриваат, максимално ја искористиле како на сцената така и надвор од неа. За ова доволно зборува отворената покана од организаторите за следни гостувања, а и за соработка во склоп на различни проекти. Извор: www.vecer.com.mk_________________  |
|  | | Кате Модератор


Пол:  Хороскоп:  Број на мислења: 480 Поени: 1335 Репутација: 70 Registration date: 2009-03-23 Age: 16 Локација : Скопје, Аеродром
 | Предмет: Re: Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ Вто Jул 13, 2010 1:45 pm | |
| „Некст тајм“ пред 30.000 публика во ВитебскПопрок-дуото „Некст тајм“ настапи на концертот насловен „Евровизиски ѕвезди“, кој се одржа во Витебск, Белорусија, во рамките на големиот музички фестивал „Славјански базар“. На овој концерт настапуваат само поранешни евровизиски претставници на различни земји  Мартин и Стефан ја искористија својата прва можност да се претстават пред белоруската публика на сцената, но и надвор од неа. Успеаја да ги соберат симпатиите и ракоплескањата на 30.000 публика што го следеше концертот, а голем интерес за нив покажаа и тамошните медиуми. Од организаторот на фестивалот добија отворена покана за понатамошна соработка на заеднички проекти и за гостувања во Белорусија. Во натпреварувачкиот дел на „Славјански базар“ годинава Македонија ја претставува поп-пејачот Јоце Панов, кој во различни вечери настапува со антологиската „Има ли песна“ на Наум Петрески, со преработката на макфестовската „Ивана“ и со својата „Ти пеам песна“. Извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=713101024184&id=48&prilog=0&setIzdanie=22032 |
|  | | Zor4e 4ever Next Time

Пол:  Хороскоп:  Број на мислења: 284 Поени: 844 Репутација: 62 Registration date: 2009-08-19 Age: 14 Локација : Kicevo
 | Предмет: Re: Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ Сре Jул 14, 2010 10:25 am | |
| ГОСТУВАЊЕ Белорусинки паѓаа на „Некст тајм“  Мартин и Стефан од дуото „Некст тајм“ во изминатиов викенд настапија на гала-концертот во Витебск насловен „Евровизиски ѕвезди“, а во рамките на „Славјански базар“. Можноста да учествуваат ја имаа само оние евровизиски натпреварувачи кои оставиле посебен впечаток кај публиката. Мартин и Стефан добро ја искористија шансата првпат да се претстават пред белоруската публика, забележувајќи одличен настап пред 30.000 публика, која го следеше концертот, а не изостанаа ниту честитките од колегите и претставниците на медиумите, како и отворена покана од организаторот за следни гостувања и соработка во склоп на различни проекти. Извор: www.utrinski.com.mk_________________  |
|  | | | | Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ | |
|
| Страна 1 of 1 |
| | Permissions of this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|