Zor4e 4ever Next Time

Пол:  Хороскоп:  Број на мислења: 284 Поени: 844 Репутација: 62 Registration date: 2009-08-19 Age: 14 Локација : Kicevo
 | Предмет: Песната не им е мака-и на плажа со микрофон во рака Сре Jул 07, 2010 6:04 pm | |
|  Мартин и Стефан или рок дуото “Next time” во досегашното постоење на музичата сцена успеаа да создадат свои верни обожаватели, да издадат албум и да созреат и научат како треба да се однесуваат на музичката сцена. За ова лето планираат многу настапи, а за одмор ќе почнат да размислуваат кон крајот на август. Стефан вели дека планира неколку дена да замине некаде надвор од Македонија без Мартин, но не откри дали ќе оди во друштво со згодната водителка на една наша забавна емисија со која се почесто можеме да го сретнеме во град. – Летово планираме многу настапи. Ќе се подготвуваме напорно со бендот за настапот во Битола во склоп на Бит фест на Хераклеја каде очекуваме многу посетители, што е можно повеќе македонци. Во текот на летото ќе настапиме и во Охрид. Да, би сакале после сите обврски да одиме на одмор, да ги оладиме главите но тоа може да се случи кон крајот на август. Се уште не знам со кого ќе одам, уште е рано, за тоа ќе дознаам кон крајот на август откако ќе ни завршат обврските, вели Стефан. Нема да одам на одмор со брат ми, после толку заеднички настапи и напорно лето не мора да сме постојано заедно. На одмор би заминал на 5,6 дена некаде надвор од Македонија, но секако и во Охрид каде летово не очекуваат настапи. Извор: http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=52155 |
|