Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
Home­Portal­Прашања/Одговори­Членови­Барај­Членски групи­Регистрирајте се­Влез
По концертот во Хераклеа

По преполната Универзална сала во декември минатата година, уште еден успешен концерт на Некст Тајм. Овој пат во рамките на Бит Фест, дуото ги собра своите обожавателиво Хераклеа и им подари уште една незаборавна забава – јавуваат фановите.
 
Многубројните фанови видно организирани нетрпеливо го очекуваа почетокот на концертот. И овој пат не беа изоставени балоните и маичките со натпис I love Next Time кои ја красеа Хераклеа, но сега надополнети со капчиња Proud to be a Next Time Fan со што членовите на фан клубот сакаа да потенцираат со колкава љубов го прават сето тоа.

Забавата започна. Се редеа: Декември, Не верувам во тебе, Ме остави сам да живеам, Рамо за плачење, Убава...

Секоја песна беше проследена со едногласно пеење од публиката. Освен добро познатите хитовина Некст Тајм, Мартин и Стефан ги изненадија своите обожаватели со изведба на What do you want from me на Adam Lambert и Here I go again. Со посебни овации беше проследена изведбата на баладата Изгубен кога Стефан покажа дека покрај пеењето и пијаното му оди од рака.

Дуото и овој пат не изостави да ја изрази својата благодарност кон обожавателите за поддршката која несебично им ја даваат, а исто така напоменаа дека нивниот втор албум е во подготовки и со него како бонус цеде ќе има аудио снимка од концертот.
 
 
Next Time фан клуб на Facebook
Барај
 
 

Display results as :
 
Rechercher Advanced Search
Latest topics
» Next Time во Романија
Чет Сеп 02, 2010 3:02 pm by Zor4e

» Хераклеа инспирација за "Некст Тајм"
Вто Aвг 24, 2010 1:55 am by Simona*

» "Некст тајм" и Тоше со најмногу номинации од фановите
Сре Aвг 11, 2010 1:57 pm by Zor4e

» МММојот избор-Омилени спотови на Мартин\Next Time
Вто Aвг 10, 2010 10:09 am by Zor4e

» Некст Тајм - Убава
Пон Aвг 02, 2010 5:50 pm by witch

» NEXT TIME - Сакаме фудбал на плажа
Чет Jул 29, 2010 11:32 am by Tiana :]

» "Свет"
Пет Jул 16, 2010 7:35 pm by Ninadb

» Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ
Сре Jул 14, 2010 10:25 am by Zor4e

» Песната не им е мака-и на плажа со микрофон во рака
Сре Jул 07, 2010 6:04 pm by Zor4e

Кориснички панел

Твојот профил

Информации

Преференции

Потпис

Аватар

Заедница

Пријатели и непријатели

Членови

Групи

Приватни пораки

Примени пораки

Испрати порака

Topic is being watched

Посети
free counters
Интервју со Next Time за РАДИО ЛТ
Вто Јун 01, 2010 6:41 am by Zor4e
Се јавуваме, не спуштаме слушалка


Едниот студира бизнис администрација, другиот италијански јазик. Првиот посебно ги сака црвенокосите, вториот без посебен избор, му се допаѓаат повеќето девојки. И двајцата сакаат убави и паметни девојчиња, живеат за музиката и верно навиваат за фудбалскиот тим Интер, а едниот има желба да основа сопствен клуб кој ќе го раководи со задоволство. Мартин и Стефан или рок дуото “Некст тајм” во досегашното постоење на музичата сцена успеја да создадат свои верни обожаватели, да издадат еден албум и да созреат и научат како треба да се однесуваат на музичката сцена. Од својата мајка ги научиле најважните животни лекции кои им овозможија да бидат позитивен пример за своите врсници. Скромни и искрени во своите одговори Мартин и Стефан одговорија на секое поставено прашање, што ја покажа нивната професионалност и отвореност за дискусија на прашања од музиката се до нивното секојдневие.
Не живеат за да бидат видени, им пречи глумата меѓу македонските пејачи и посакуваат повеќе искреност и професионалност во нашата земја. За нив, успехот е резултат на нивната посветеност и себевложување со поддршка од фановите, пријателите и нивниот животен менаџер – сопствената мајка. Многу им е јасно како функционираат работите на македонската естрада па повеќе нема да дозволат други да се промовираат на нивна сметка. Моментално работат на својот нов албум за кој најавуваат странски звук изведен на сопствен начин и допадлив за македонскиот вкус. Нивната посета на Италија им овозможи некои важни контакти за кои веруваат дека ќе им помогнат за успешно претставување на италијанскиот пазар и познатите и докажани фестивали со светски реномеа. Во меѓувреме снимаат и вежбаат за својот концерт чии детали ќе бидат соопштени, како што велат, во свое време.

Од никого не баравме рамо за плачење


- Рамо за плачење е последната ваша песна за која снимивте и спот. Како поминаа тие во јавноста?

Презадоволни сме и од песната и од спотот. Песната е на првите места на сите топ листи. Сето тоа доволно зборува за нејзината успешност. Спотот има голема гледаност на интернет, ако го земаме и тоа во предвид. На настапи сите ја пеат песната па тоа е уште еден доказ за нејзината популарност.

- Од кого побаравте рамо за плачење?

Мартин: Искрено од никого... Оваа песна е напишана од Магдалена Цветковска. Ние не се пронаоѓаме во неа но текстот се совпадна со едно искуство на наш заеднички другар. Станува збор за љубов, во која девојката ќе раскине со момчето затоа што се одлучува на врска со нејзиниот дотогаш најдобар другар. Ние ги знаевме сите моменти па и кажавме на Магдалена за нашата инспирација и посветеност и токму така излезе оваа песна.

- Оваа песна е четврта по ред од материјалот за новиот албум за кој најавувате дека ќе има позрел ритам и промени во стилот. За каков нов звук станува збор и дали тоа значи дека веќе нема да бидете она што сте?

Мартин: Во моментов работиме на уште една песна која е во различен стил од досегашните. Сите нови песни досега се разликуваат од продукцискиот дел, звукот, се до тоа како ги пренесуваме ние на сцената. Секогаш се трудиме да опфатиме поголема група на луѓе. Постојано следиме она што е добро и кај нас и во Америка, да поткрадеме некој убав момент и инспирација. Сакаме странските нешта да ги пренесеме кај нас на еден сопствен начин. Новата песна не е во наш стил, се работи за гитарска музика но со примеси на ар-ен-би. Нешто како стилот на музиката на One Rupublic...
Стефан: Проблемот е што македонскиот јазик не може да биде секогаш прилагодлив на ваквата музика. Така на пример Рамо за плачење звучеше светски кога ја отпеавме на англиски, меѓутоа кога ќе е на македонски добива балкански менталитет.

Го носиме странскиот звук во Македонија на сопствен начин


- Чиј стил од странските изведувачи ви се допаѓа па сакате да го прилагодите на македонскиот музички пазар?

Мартин: Јас слушам се. Од ар-ен-би се до рок и хеви метал до некоја граница. Во последно време го слушам Лени Кравиц. За мене музиката нема граници.
Стефан: Секој пејач не смее да престане да слуша музика бидејќи тоа би ја уништила неговата креативност. Ако земеш по нешто од секој артист и својот сопствен стил ќе имаш навистина успешни музички парчиња.

- Дали новиот албум ќе содржи и препев на некоја песна, како на пример оној што го направивте за италијанската песна Caruso која одлично помина кај публиката?

Стефан: Да, одлично помина. Има една грешка за која ми посочи една девојка од италија која одлично ја познава оваа музика. Таа ми кажа дека продуцентот што ја напишал песната кажал дека е поп-опера. Тоа е исто ако некој рече дека Зајди, зајди е рок песна. Но ако е добар препевот тогаш е сепак добро.
Мартин: Сакаме да експериментираме за новиот материјал. Можеби дует со некоја девојка од што и двете страни би имале корист. Не е интересно ако имаме ист стил со девојката. Сепак сметаме дека повеќе би ни користело доколку тоа е некоја девојка од странските пејачки. Сето тоа останува на одлуката на нашиот тим.

- Во последно време дуетите со пејачите од нашите соседи е некој нов тренд. Што значи тоа? Дали тоа би било чекор само за музичка промена или пак промоција и најава за работа и на надворешниот музички пазар?

Мартин: Искрено тоа би ни помогнало за пробивање на странскиот пазар. Важно е да имаш финансиски средства и добар тим. Да не се лажеме веќе дека доволно е само да имаш добар и ќе успееш. Има толку многу талентирани деца кои не се во контакт со продукции па ништо не се моќни да направат да биде забележан нивниот талент.
Стефан : Тоа би значело еден успешен почеток со голема маркетинг кампања исто како што сте почнале во својата земја. Кај нас никој не може да стане популарен после домашните фестивали.

Среќни сме што ја имаме мајка ни


- Колку вие сте привилегирани и сте имале финансиски средства и добар тим?

Стефан: Ние имаме среќа што ја имаме нашата мајка која целосно знае да се грижи за своите деца. Таа е нашиот вистински менаџер.
Мартин: Се што сме направиле досега сме направиле со наши средства. Никој не вложил “скршен” денар во нас. Кај нас има луѓе само кои ќе те пуштат на радио. Се е со наш труд и поддршка од некои луѓе со кои сме имале соработка што најчесто се сведувала на медиумска. Некои се обиделе своето име да го издигнат на наша сметка.

- Лути сте им на таквите луѓе?

Мартин: Нема зошто да сме лути. Не ми се ниту браќа ниту сестри. Еднаш Влатко Стефаноски ни кажа: Супер сте, напредувајте но не се внесувајте многу во естрадата затоа што ќе ве изеде живи. Ние не живееме законтроверзии. Не сакаме да не има за се и сешто. Тоа што сме јавни луѓе не не прави посебни.
Стефан: Секој што музиката ја гледа на поинаков начин од тој уметничкиот нема да успее. Или ќе пееш и свириш со цело свое срце или ништо нема да направиш. Убаво е чувството кога ќе излезеш навечер да си имаш свое сепаре. Но тоа не значи вип делови и слично, едноставно место каде ќе си со своето друштво.

Меѓу пејачите нема искрено пријателство







-Колку досегашниот влог во музичката кариера се исплатува?
Мартин: Во Македонија никогаш нема да се исплати. Единствено се исплаќа преку добиената поддршка и љубов од многу луѓе.
Стефан: Ние се чувствуваме сепак многу богати во душата. Кога сите тие фанови ќе наполнат цела сала, знаеш дека некој живее за да те слушне и те сака, сето тоа исполнува. Ние не се дружиме многу со пејачите во Македонија бидејќи нема искрено пријателство. Секогаш сакаат да те надминат. Си се дружиме со пријателите од детството.

- Некои популарноста ја стекнуваат поради харизмата, насмевката, парите, имиџот или пријателствата. На кој начин “Некст тајм” станаа популарни?

Стефан: Дефинитивно поради поддршката на публиката. Без неа никој не може да биде популарен. Колку повеќе фанови имаш тоа значи дека си популарен. Има влијание и музикалноста и харизмата но треба да се најде спојот. Можеби ние станавме популарни поради специфичноста.

- Според вас, по што се разликувате од останатите музички имиња кај нас?

Мартин: Не живееме за да бидеме видени. Според мене на естрадата треба да постојат само пет артисти кои сами вложиле во себе и останале во музиката. Ние ги почитуваме сите млади кои сакаат да пеат, и ние сме биле дел од нив. Ако ние направиме квалитетен спот тој би бил помалку емитуван отколку некој лош спот на друг млад пејач само поради тоа што има врски со телевизијата или таму работи некој негов роднина. На естрадава кај нас нема никаква професионалност.

Тужбата од Кристијан е само начин за негова лична промоција





- На почетокот имавте менаџерска соработка со Кристијан Стефаноски. Откако ја раскинавте соработката односите се променаа па добивте и судска тужба. До каде е судскиот процес?
Мартин: Да, точно е дека сме тужени и тоа за раскунување на договор. Но според нас нема никаква основа. Сите знаат дека овој менаџер живее од контроверзни случки. Веројатно тоа му е негов стил. Но на судските рочишта досега не се појавил Кристијан иако тој е тужителот. Со ова можеби сакал да пополни уште некоја насловна страница.

- Моментално во кариерата ви помагаат Симона Негриеска и Александра Петрова. Кои се тие?

Мартин: Александра работеше со нас и претходно. Симона има работено и со Лилјана Петровиќ. Едноставно им верувавме дека можат да помогнат па ќе видиме што ќе се случи.

- Свесни ли сте за влијанието кое го имате врз публиката?

Мартин: Не сме свесни колку луѓето не почитуваат, особено помладата популација. Стефан: Кај нас секогаш го има стравот каква ќе биде реакцијата на публиката. Тоа е убаво бидејќи чувствуваме одговорност спрема неа. Кога станува збор за влијанието, на еден настап во Демир Хисар ја отпеавме народната песна Ја излези Ѓурѓо. Бевме фасцинирани како сите ја знаат песната и ја пееја заедно со нас.



Секогаш се плашиме од реакцијата на публиката


Колку тоа значи дека секогаш размислувате како публиката ќе влијае?

Стефан - Ние влијаеме на публиката на позитивен начин. Не ги учиме децата да се однесуваат лошо. Ние сме примерни на сцена, таква е нашиот однос со публиката.

- Имате и ваш фан клуб. Колку комуницирате со нивните основачи?

Мартин: Да, знаеме и за тоа. Ние сме постојано во комуникација со нив, ни се јавуваат а ние не им спуштаме. Има околу педесетина групи за нас. Важиме за трети по популарност според една интернет страница. Среќни сме што не поддржуваат и не сакаат. Им возвраќаме на нивното внимание.

- Фан клубовите се формирани од девојчиња. Зошто според вас го направиле тоа. Дали поради тоа што ве почитуваат или пак начин за поблиска и директна комуникација со вас?

Мартин : Мислам дека пред се искрено не почитуваат и им се допаѓа нашата музика. Им се допаѓаме и како личности.


Кога си ги променивме улогите никој не препозна




- Делувате дека секогаш се согласувате. Кои се моментите каде немате исто мислење?




Стефан: Да, има и такви моменти. Обично тоа секогаш е музиката. Има и караници но на крајот секогаш се е добро.




-Кои работи може да ве повредат?




Мартин : Од една страна сите пејачи глумиме дека сме во меѓусебни добри односи. Но тоа е така само на некои настапи, најчесто хуманитарни но сето тоа не е искрено. Нема потреба од глумење, а ги има многу такви пејачи.













- За музиката немате ист вкус. Дали истото важи и за девојките?
Стефан : Веројатно, сакаме убави и паметни девојки. Сакам плави и црни, никако црвени. Тие не ме привлекуваат.
Мартин : Ми се допаѓаат повеќето.
Дали се случило едниот да го замени другиот?
Мартин: Да се има случено. Се договоривме со Стефан да ги смениме улогите, тој свиреше а јас пеев. Никој од пејачите ниту пак од телевизијата не не забележа. Внимание посветуваат се додека дојдеш во емисија, потоа сите други се поголеми ѕвезди.


Comments: 0
Statistics
Постојат b>470 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е EvaHofman

Нашите членови се испратиле точно 11441 мислења in 402 subjects
Кој е он-лајн?
Севкупно има 4 членови он-лајн :: 1 Регистрирани, 0 Скриени и 3 Гости :: 1 Bot

Zor4e

Последен пат кога член беше он-лајн е 31 на Пон Мар 15, 2010 10:39 pm
Top posters
macylovesyou
 
macaparket
 
Simona*
 
milena smileska
 
Леа
 
zorica
 
Natali ohrid
 
Кате
 
Sofija
 
Simona<3NextTime
 
Линкови