Изминативе два дена, на неколку локации во градот, се снимаше спотот за новата песна на
Next Time - Убава. Спотот кој е различен од досега реализираните, е снимам со апарат
Canon од серијата
Mark, со кој во последно време своите видео-спотови ги снимаат познатите светски музички имиња – стои во дописот кој ни го испрати менаџментот на
Next Time.
Во спотот, освен Мартин и Стефан, се појавуваат и повеќе ликови, кои својата задача ја извршија на најпрофесионално ниво и покажаа дека приказната за убавина не секогаш е врзана со бројот на годините. Спотот е во режија на Владимир Митревски Ѓуле. Атмосферата ја доловуваат фотофрафиите...
Песната Убава е дело на Лазар Цветкоски а текстот на Магдалена Цветкоска. Премиерното прикажување на овој спот се очекува пред поаѓањето на Мартин и Стефан за Белорусија и нивното учество на
Славјански Базар, на концертот на евровизиските ѕвезди.

Извор: http://mmm.com.mk/?ItemID=10B41F19693F844FBB928CEA5D513320